Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани

Објавено May 14, 2026 19:20
Сподели
Сподели

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

Таа нагласи дека нејзиниот став кон договорот од Преспа не е променет и посочи дека потписниците на документот треба први да инсистираат на негово доследно почитување во меѓународните односи.

– Не се забранува, ниту пак може да се забрани употребата на придавката македонски. Впрочем тоа е и дел од самиот договор. Е сега, тие што го поддржале и што го потпишале договорот, први треба да укажуваат на неговото почитување – изјави Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на политичката клима во регионот и новата влада во Бугарија, претседателката изрази очекување за конструктивност и водење политики засновани на добра волја, нагласувајќи дека регионалното разбирање е клучно за евроинтеграцискиот пат на целиот Западен Балкан.

Во однос на прашањето за општествениот ангажман на поранешните шефови на државата, Сиљановска-Давкова истакна дека нивната активност не треба да престане по завршувањето на мандатот. Таа откри дека веќе размислувала за иницијатива за нивни заеднички консултации.

– Мислам дека би било убаво да има една тркалезна маса на бивши претседатели каде што ќе може да се советуваме за состојбите со кои се соочуваме и за решенијата за определени проблеми. Инаку, во право сте дека не треба со заминувањето од функцијата да престанат и активностите, туку да продолжат – рече претседателката.

Запрашана за неодамнешните изјави поврзани со комуникацијата помеѓу премиерот и државниот јавен обвинител, Сиљановска-Давкова одби да ги коментира, нагласувајќи дека нема увид во природата на нивните телефонски разговори и дека одговорите треба да се побараат директно од инволвираните страни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Фатени двајцата крадци на велосипед од Аеродром
Следна Статија Радев му го укина обезбедувањето на Борисов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дамева замина: Мандатот и истекува задутре, но претседателката на Судскиот совет одлучи денеска да си оди со оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска на прес-конференција информира дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Нејзиниот мандат секако би…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со рекордна гледаност во интервјуто на Лазаров

Претседателот на Влада и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, учествуваше во актуелниот подкаст „Лазаров“, кој забележа рекордна гледаност. Ова го привлече…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Сведоштво на Борче Јованчевски, кој меѓу првите алармираше за пожарот во Кочани

Борче Јованчевски беше меѓу првите што алармираше за пожарот во дискотеката во Кочани, повикувајќи на помош. Неговиот апел ги мобилизираше…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?