Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти
ЗДРАВЈЕ

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти

Објавено May 14, 2026 14:30
Сподели
Сподели

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце, утврди комисијата составена од странски експерти, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Пациентите се живи и се на возраст од 45 до 78 години. Пропустите се направени во пет јавни и приватни здравствени установи и тоа во ЈЗУ Универзитетската клиника на кардиологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничката болница – Штип, ГОБ „8 Септември“, ПЗУ „Кардио арт“ – Штип, Клиничката болница „Жан Митрев“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – рече Алиу.

На денешната средба со новинарите Алиу кажа дека веднаш по изразените сомнежи на академик д-р Сашко Кедев била формирана интерна комисија од врвни експерти која ја изврши стручната анализа. Комисијата составена од странски експерти минатата недела ги доставила наодите од својот стручен увид.

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај четири пациенти констатираше дека, обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со прифатените стандарди на клиничка пракса“, а кај останатите девет пациенти, според странските експерти, документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, на пример несогласување меѓу ангиографски наоди од коронарографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било ендоваскуларните или хируршките процедури“. Во однос на овие случаи, комисијата оценува дека, цитирам: „одредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можно е неповолно влијание врз клиничкиот исход кај нив, изјави Алиу.

​Министерот за здравство најави дека ќе се отпочне со ревидирање на протоколите за постапување при кардиолошки и кардиохируршки интервенции, а дополнително ќе се формира национален харт-тим (heart team) составен од девет членови, кардиолози и кардиохирурзи. Тимот ќе биде составен од претставници од јавните и од приватните здравствени институции во нашата држава, односно шест членови од тој тим ќе бидат од јавните здравствени институции и три членови од приватниот здравствен сектор.

Д-р Александар Станков, директор на судска медицина, кој бил дел од домашната комисија кажа дека мора да им се верува на институциите и на докторите.

Јас ценам и уште верувам дека поголем дел од нив работат стручно и со протоколи, затоа ќе ги менуваме протоколите, ќе бидат појасно дефинирани, построго дефинирани, за да бидеме сите сигурни. Клучниот збор го одредува обвинителството и судот, тоа го знаеме сите. Меѓутоа, обвинителството за да може да спроведе постапка, мора да направи вештачење. Без разлика, овој извештај е материјален доказ којшто би се употребил во понатамошно вештачење доколку смета обвинителството дека треба вештачење. Вештачењето е неопходно во секоја постапка, доколку смета обвинителството дека треба. Ако обвинителството смета дека треба да поведе постапка, дава наредба за вештачење, се составува тим за вештачење и врз основа на извештаите, медицинската документација, што сè претставува материјален доказ, се изготвува вештачење. Документите коишто излегуваат од Министерството за здравство или пак од Лекарска комора или од ДСЗИ, коишто се еден вид стручен надзор, немаат тежина на вештачење. Тоа е само материјален доказ. Вештачењето понатаму му помага на обвинителството да го потврди обвинителниот акт и да почне судењето, или пак да го отфрли, изјави д-р Станков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев му го укина обезбедувањето на Борисов
Следна Статија (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување

Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Престанете да се грижите: Истражувањата покажуваат дека 85% од нашите стравови никогаш не се остваруваат

Колку пати сте ја поминале ноќта размислувајќи за нешто што ве загрижува, само за да откриете дека всушност никогаш не…

May 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Игор Мерџаноски нов директор на ТОАРИЛУЦ

За нов директор на ТОАРИЛУЦ е назначен доктор Игор Мерџаноски. Д-р м-р супспецијалист Игор Мерџаноски е роден 1971 година во…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Секој десетти човек над 40 години има ХОББ

Пушењето и загадувањето на воздухот се главните причини за појава на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неопходно е да се…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?