Сувите сливи се меѓу најпопуларните сушени овошја, го лекуваат дигестивниот систем и најчесто се консумираат во компоти и зимски колачи… Сувите кајсии се многу богати со пектин и бета-каротен, поради што се препорачуваат за оние кои имаат проблеми со очите, висок холестерол и шеќер во крвта и имаат корисен ефект врз варењето на храната.
Состојки:
- 200 грама суви сливи
- 200 грама суви кајсии
- 100 грама мелени ореви
- 100 грама овес
- 100 грама мелени бадеми
- 200 мл. мед (една чаша јогурт – 180-200 мл.)
- сок од еден голем портокал
Подготовка:
Исецкајте ги сливите и кајсиите на поситни коцки. Измешајте ги мелените ореви, бадемите, овесот, медот и свежо исцедениот сок од портокал и додадете ги сувите сливи и кајсии. Измешајте сè нежно со дрвена лажица и ставете ја смесата во правоаголен калап(може и тавче) и исечете коцки десерт.