Можеби наивно, но сосема искрено, реков дека ѝ посакувам на Црна Гора многу среќа и успех, но дека не сакам да присуствувам на тој гламурозен чин, напиша претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Иако не навредив никого, не кажав ниту еден грд збор, не се заканив со ништо, како и обично, речиси во сите црногорски медиуми, само неколку часа подоцна, бев распнат, бидејќи како претседател на Србија, немам право на мој слободен став, на мое мислење и на постапување поинаку од очекуваното. Потребни беа само неколку часа за чуварите на Црна Гора и Голема Црна Гора да го пронајдат виновникот за сè во мене по којзнае кој пат. Но, ова не е за мене. Да беше, дури и не би одговорил. Ова е за Србија и секојдневните напади врз Србија. Да, за земјата што ја сакам најмногу на светот и не ми пречи што некои други луѓе се чувствуваат така за Црна Гора.