Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Времено суспендиран в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито од 8000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Времено суспендиран в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито од 8000 евра
МАКЕДОНИЈА

Времено суспендиран в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито од 8000 евра

Објавено May 16, 2026 18:36
Сподели
Сподели

Судскиот совет  донесе одлука времено да го оддалечи од вршење на судиската функција в.д претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање мито од 8 000 евра.

Како што информираа од Судскиот совет, за в.д. претседател на гостиварскиот Основен суд на местото на осомничениот Алији е определен Мирослав Петроски, судија во истиот суд.

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) вчера соопшти дека отворило истрага против Алији и судски администратор кои се гонат дека барале и примиле мито за да интервенираат кај судија во гостиварскиот суд и кај судии во Апелацискиот суд Гостивар во врска со граѓански спор.

Двајцата се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според ОЈО ГОКК, осомничените делото го сториле во периодот од 2023 до 2025 година искористувајќи ја својата службена положба.

„Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8 000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши“,соопштија од ОЈО ГОКК.

Споделувајќи детали за случајот, оттаму наведуваат дека на почетокот на 2023 година осомничените му ветиле помош на лице што било странка во граѓански спор. За надомест од 5 000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбиена пресуда.

Но, откако не успеале, тие пак побарале пари од лицето, овој пат 3 000 евра, за да влијаат кај судии во второстепениот суд за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката.

Износот од 800 евра на второосомничениот судски администратор му биле дадени подоцна за да заврши работа во врска со доставениот писмен документ од извршител.

На предлог на ОЈО ГОКК, Основниот кривичен суд Скопје, кој е единствено надлежен да постапува по предмети на ова обвинителство, на осомничениот судија и на судскиот администратор им одреди мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, одземање на пасошите и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
Следна Статија Овие три хороскопски знаци влегуваат во девет години среќа и изобилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: Ќе мора да работиме системски за да профункционира градот Скопје

Следната година ќе мораме да работиме системски за да профункционира градот Скопје и да почне од нула, а потоа да…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Директор на училиште избркал од работа Наставник по физичко оти мислел дека е од СДСМ и го заменил со наставничка по македонски

Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?