Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки
ЕКОНОМИЈА

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Објавено May 16, 2026 18:40
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.

Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е зголемување за 5% во однос на истиот период во 2025 година.

Со контролите беа опфатени различни типови деловни субјекти: •434 угостителски објекти; •318 трговски објекти; •201 услужен објект; •7 приредувачи на игри на среќа.

Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.

За одбележување е фактот дека граѓаните се охрабриле повеќе да пријавуваат неправилности преку Контакт центарот и Инфо линијата на УЈП, велат од Управата.

Така, во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани, што е зголемување за 36% во однос на минатогодишниот број на пријави.

УЈП потсетува дека граѓаните можат директно да пријавуваат неправилности и преку апликацијата МојДДВ.

„Кај 395 субјекти се констатирани неправилности согласно ЗРГП. Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42%. За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти“, велат од УЈП.

Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ.

Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година.

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

„Насочени сме кон откривање на моделите, ризиците и механизмите преку кои се создава неевидентираниот промет, не само да констатираме разлики, туку на разоткривање на тековите на неформалните економски активности и непријавените даноци. На даночните обврзници кај кои е утврден неевидентиран промет им се укажува истиот доброволно да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави. Доколку даночните обврзници не извршат доброволно усогласување, УЈП ќе спроведува дополнителни даночни контроли и ќе преземе санкции согласно законските прописи. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите, сузбивање на сивата економија и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници“, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош
Следна Статија Загина спасувач додека ги бараше телата на петмината Италијанци на Малдиви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, ветува министерот за економија

Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се…

October 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата во трговија на големо и трговија на мало на над 1000 производи, и…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?