Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност
ПОЛИТИКА

СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност

Објавено May 17, 2026 13:35
Сподели
Сподели

Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, тврдејќи дека зад неговата политичка реторика се кријат тајни бизнис интереси. Во партиската реакција се наведува дека додека Димитриевски јавно се позиционира како патриот и борец против корупцијата, тој се јавува како сопственик на компанија регистрирана во соседна Република Бугарија.

Од СДСМ изнесоа конкретни податоци за наводната сопственичка структура и локација на фирмата во Бургас.

„Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно. Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи. Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово.“

Во соопштението се упатуваат низа прашања за финансиското работење на кумановскиот градоначалник и се обвинува дека неговата коалиција со владејачката ВМРО-ДПМНЕ служи за правење на дефокус од европската агенда на земјата.

„Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија? Колку тендери си наместил? Колку пари си префрлил преку кумови и блиски? Види Максо, доаѓа времето на вистината. Нема повеќе лаги. Максо, доаѓа времето на правдата и одговорноста… Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од Европската реформска агенда… Сите – и ти, и Филков, и Сашо Петровски, и целата криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ќе одговарате! Реформи сега. Правда сега. Европа сега.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен 19-годишник за убиство на 18-годишно момче од Бојане
Следна Статија Спречен снајперски атентат во Црна Гора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за…

May 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Хаос во бугарскиот Парламент: Пратеници се степаа среде седница

Редовната седница на бугарското Народно собрание денеска беше прекината по драматичен физички судир меѓу пратеници, кој беше пренесуван во живо…

December 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови

Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ,…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски ги открива трите крупни проекти кои ќе ги реализираат заедно со „новиот градоначалник Ѓорѓиевски“

Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти,…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?