Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар.
Од МВР информираат дека причината за евакуцијата НЕ Е дојава за бомба.
-Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар, велат од Министерството.
Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушале аларми.
Пред околу четири недели беа регистрирани дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „East Gate Mall“ и „Diamond Mall“, кои подоцна се покажаа како лажни.
