Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари
СПОРТ

МЗТ води 1-0 во финалето против Маџари

Објавено May 18, 2026 08:08
Сподели
Сподели

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1:0 во победи во финалната серија од плејофот, откако синоќа на домашен терен го совладаа Маџари со 84:77.

Дебитантот во најсилната македонска кошаркарска лига одигра добро во првото полувреме во кое најчесто го имаше водството. Маџари имаше највисоки, плус девет (33:24), по што аеродромци направија серија од (17:3) со која целосно го свртеа резултатот (45:40) на полувремето.

Во текот на третата четвртина, гостите се вратија на негатива од само два поени, (54:56). Но до истекот на тој дел од финалето, МЗТ одново „побегна“, сега на (69:61).

По тројката на МекКејден, на почетокот на последниот дел, аеродромци дојдоа и до двоцифрена предност (72:51) која умешно ја задржаа до крајот.

Маслинко со 17 поени и три скока беше најпрецизен кај „металците“. Танасковиќ дополни со 15 поени и седум скока додека МекКејден и Дамјан Стојановски постигнаа 14, односно 12 поени.

Во гостинската екипа најдобар беше Луис, кој заврши со 27 поени (плус осум скока и три асистенции), додека Армстронг го следеше со 19 поени на кои додаде по осум скока и исто толку успешни додавања.

Вториот финален дуел од серијата се игра во среда (од 18 часот), повторно во СЦ „Јане Сандански“, а шампион ќе биде онаа екипа која прва ќе реализира три победи. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бебе Реџа и косовски политичари го поддржаа денешниот протест на студентите Албанци
Следна Статија Kливленд во полуфиналето на плејофот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ги истражи врските на косопственикот на клубот Тод Боли со веб-страницата за…

March 27, 2025
СПОРТ

Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар…

August 19, 2025
СПОРТ

“Балистите“ од „улица“ ја бодрат Шкендија

Навивачите на Шкендија на денешниот меч со Гостивар најавија дека ќе ги бодрат своите миленици и покрај забраната за пристуство…

December 8, 2024
СПОРТ

Томица Главчев е новиот претседател на КФМ

Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?