Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Света великомаченичка Ирина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денеска е Света великомаченичка Ирина
ЗАБАВА

Денеска е Света великомаченичка Ирина

Објавено May 18, 2026 08:22
Сподели
Сподели

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај.

Светата великомаченичка Ирина

Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ? Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабожка од родители незнабожци, Пенелопа (така ? беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Св. Тимотеј, учителот на апостол Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ? ги донесе да ги прочита Посланијата на Светиот апостол Павле. Кога се одрече од мажачка го разгневи татко ? и тој сакаше да ја мачи, ама таа на чудесен начин го обрати во христијанство. Освен татко ? на маки ја подложуваа уште четворица други цареви, но Бог секогаш ја спасуваше преку ангели. Царот Седекија ја закопа до глава во ендек исполнет со отровни змии и скорпии. Но Божји ангел ги умртви отровните гадови и ја сочува Светата девица неповредена. Тогаш овој цар се обиде да ја истружи со бичкија, но бичкијата се одбиваше од нејзиното тело како од камен. По ова ја врза за тркало под воденица и пушти вода за да ја убие. Водата не сакаше да тече, а стоеше – и девицата остана жива и здрава. Царот Савах, синот на Седекија, ја поткова со клинци, натовари врз неа вреќа со песок и ја впрегна, па нареди да ја водат како добиче далеку надвор од градот. „Навистина, како добиче сум пред Тебе, Господи!“, говореше Светата маченичка впрегната трчајќи по своите мачители. Но Божји ангел ја затресе земјата и земјата се отвори, па ги проголта нејзините мачители. Откако ги преживеа сите маки, со што обрати во христијанство огромно мноштво незнабожци, Ирина премина во градот Калипол и во него ја проповедаше верата во Христа. Тамошниот цар Нумеријан сакаше да ја убие и ја фрлаше во три усвитени метални вола едно по друго. Но девицата беше спасена и остана жива. Мнозина видоа и поверуваа. Епархот Ваводин ја одведе во градот Константин, каде што намисли да ја убие ставајќи ја врз усвитени решетки. Но тоа не ? наштети на Света Ирина, а мнозина ги приведе кон верата на Вистината. Најпосле Ирина дојде во градот Месемвриј, каде што царот Савориј ја уби, но Бог ја оживеа. А кога го видоа тоа, царот и многубројниот народ поверуваа. И така со своите страдања Света Ирина приведе во Христовата вера околу сто илјади незнабожци. Најпосле самата легна во гроб и му нареди на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија, нејзе ја немаше внатре. Бог ја прослави занавек девицата и маченичката Ирина, која с ? жртвуваше и с ? претрпе за да Го прослави Него меѓу луѓето со сите сили што ? ги подари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kливленд во полуфиналето на плејофот
Следна Статија Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Хороскопски знаци кои не функционираат заедно

Некои хороскопски знаци се едноставно како оган и вода – различни во сè, со мали шанси за хармонија. Додека астрологијата…

January 26, 2025
ЗАБАВА

Продавачка ѝ ја претресува чантата на холивудска ѕвезда, мислела дека краде облека (ФОТО)

Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна облека. Имено, папараците го снимиле моментот…

October 25, 2024
ЗАБАВА

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во „Борис Трајковски“

Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски” ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров…

May 17, 2025
ЗАБАВА

Креативно здружение најавува Total War: Warhammer 40,000 – Возбудлив пресврт во стратегиските игри

Потврдена најавата на мошне очекуваната видео игра од стратегиската франшиза Total War

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?