Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди
ХРОНИКА

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди

Објавено May 19, 2026 11:02
Сподели
Сподели

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица.

Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Царинската управа во континуитет спроведува активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Политиката може да биде чесна професија
Следна Статија МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запалени куќата и станот на Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците

Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија!…

May 2, 2025
ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на…

May 13, 2025
ХРОНИКА

И двајца малолетници се приведени по вооружената пресметка во Тетово

На 11 август 2025 година, во периодот од 12:50 до 15:00 часот, полициски службеници извршиле претрес на повеќе локации во…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Петмина повредени во судир на „ауди“ со полициско возило во Аеродром

Вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?