Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Никој нема право преку насилни протести да бара уривање на стандардите во правосудството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филков: Никој нема право преку насилни протести да бара уривање на стандардите во правосудството
ПОЛИТИКА

Филков: Никој нема право преку насилни протести да бара уривање на стандардите во правосудството

Објавено May 19, 2026 16:03
Сподели
Сподели

Најостро реагирам за обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација, реагира денеска министерот за правда, Игор Филков. Во реакцијата по повод на вчерашните протести со кои се бараше употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, тој потенцира дека правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата.

– Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок. Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем. Недозволиво е да се користат чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии – нагласи Филков.

Тој додаде дека правосудниот испит се спроведува согласно со важечките закони и професионални стандарди, а не според дневнополитички агенди или притисоци од улица.

– Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството. Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок. Македонскиот јазик не е пречка – тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата – нагласи министерот за правда.

Вчерашниот протест во Скопје, на кој се бараше употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, беше проследен и со извиците „УЧК“, како и со истакнување албански и американски знамиња, при што отсуствуваше македонското државно знаме. Во текот на протестот, на кој имаше и лица од Косово, се случи инцидент, кога групa млади луѓе, кои беа меѓу учесниците на протестот, започнаа меѓусебна физичка пресметка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“
Следна Статија УХМР најавува продолжен викенд под темни облаци, грмежи и пороен дожд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Локалната власт под контрола: Нов механизам за отповикување на градоначалници

Со законски измени нема да дозволиме градоначалници да хибренираат со години и ништо да не работат, а да бидат на…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, обвини дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ на денешната комисиска расправа ги одбила сите амандмани поднесени…

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети

Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој на самиот…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?