Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти
МАКЕДОНИЈА

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти

Објавено May 20, 2026 12:38
Сподели
Сподели

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ).

Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 метри кубни, додека во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 метри кубни.

РКЕ информира дека фактурираната количина на вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен Регион од 73 проценти, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен Регион 47,88 проценти.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година, при што најголема покриеност има во Источниот Регион со 92,58 проценти, додека најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3 проценти е регистриран кај Југоисточниот Регион и изнесува 87,50 проценти. Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното припојување кон големата градска мрежа.

– РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување на тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и девет конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откако советот не го прифатил предложениот опсег на цени, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче никако да ја осуди изјавата на бугарската министерка дека сме „северномакедонци“
Следна Статија (ФОТО) Десет килограми марихуана скриена во кутии од еурокрем и павлака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија

Пораките се и слични и различни, во зависност од амбиентот и регионот, меѓутоа јасно е дека светот влезе во многу…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како работела фирмата „ЦБД медплант“ која била најголем расадник на марихуана во струмичко?

Фирмата „ЦБД медплант“, во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче,…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со поранешниот турски министер за надворешни работи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски оствари средба со Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?