Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР
МАКЕДОНИЈА

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР

Објавено May 20, 2026 13:56
Сподели
Сподели

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Иако уште во декември минатата година била отворена предистражна постапка и биле преземени повеќе истражни дејствија, надлежната обвинителка која деновиве е во центарот на вниманието за случајот со мазутот, Катерина Коларевиќ, сѐ уште нема добиено конечни резултати од анализите на одземената компјутерска и телефонска опрема, ниту пак видео снимки од безбедносните камери во и околу кабинетот на претседателката.

Од ОЈОГООК велат дека предметот бил оформен на 18 декември 2025 година, по известување од МВР – Секторот за компјутерски криминал, а се однесувал на настан од 24 ноември истата година и „индиции за недозволени активности од висок државен интерес“.

Веднаш била побарана судска наредба за проверка на информативниот систем во Кабинетот на претседателката, за да се утврди дали неовластено биле копирани или извлекувани доверливи податоци. Истражителите одзеле компјутери и лаптопи од кабинетот, по што тие биле предадени на МВР за вештачење и анализа.

Паралелно, обвинителката побарала и снимки од безбедносните камери за периодот кога се случил спорниот настан, со цел да се утврди кој имал пристап до компјутерскиот систем и дали биле изнесувани чувствителни информации.

На 30 декември 2025 година, Обвинителството испратило и официјална наредба до Секторот за компјутерски криминал за анализа на веќе извлечените електронски податоци.

Но, истрагата дополнително се искомплицирала кога Кабинетот на претседателката го известил обвинителството дека не располага со копии од видео надзорот. Било посочено дека системот бил набавен преку Службата за општи и заеднички работи – СОЗР, додека со снимките управувало МВР.

Потоа обвинителството се обратило и до СОЗР и до МВР за итно обезбедување на снимките. Од СОЗР одговориле дека тие биле задолжени само за набавка на опремата и не чуваат видео материјали, туку тоа е надлежност на МВР.

Сепак, според Обвинителството, МВР до денес не доставило ниту снимки, ниту информација дали се преземени активности за нивно обезбедување.

Во март годинава, МВР испратило само делумен извештај поврзан со пристап до криптирани податоци од компјутерската опрема. Истовремено, до Обвинителството биле доставени и два мобилни телефона одземени од пријавениот вработен, кој раководел со информатичкото одделение во Кабинетот на претседателката.

По ова, обвинителката Коларевиќ наредила дополнителна анализа на телефоните, како и споредба на податоците добиени од нив со материјалите извлечени од компјутерите.

На 25 март 2026 година, до МВР била испратена нова наредба – за детална анализа на сите електронски податоци и за проверка како е постапено по судската наредба за увид во информативниот систем на Кабинетот на претседателката.

Но, и покрај чувствителноста на случајот и можните безбедносни импликации, од Обвинителството велат дека до денес немаат добиено конечни извештаи, ниту докази од МВР за преземените активности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра
Следна Статија Македонија доби од ЕУ 65,7 милиони евра за реформската агенда, најмногу во регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

И Венко Филипче се обидувал да го спаси животот на Чифлиганец во Чешка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче бил дел од тимот на доктори кои се обидувале да го спасат животот на Душко…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?