Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија доби од ЕУ 65,7 милиони евра за реформската агенда, најмногу во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија доби од ЕУ 65,7 милиони евра за реформската агенда, најмногу во регионот
МАКЕДОНИЈА

Македонија доби од ЕУ 65,7 милиони евра за реформската агенда, најмногу во регионот

Објавено May 20, 2026 14:03
Сподели
Сподели

Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се потврдува напредокот во спроведувањето на реформската агенда. Европската комисија објави дека за Македонија се одобрени 65,7 милиони евра, повеќе од средствата доделени за Албанија, која добива 49 милиони евра, и Црна Гора, за која се наменети 44,2 милиони евра.

Средствата се одобрени по позитивната оценка на Европската комисија за спроведените реформски чекори во земјава, кои се однесуваат на подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ-опрема во училиштата.

Од вкупните 65,7 милиони евра, 30,6 милиони ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека останатите средства ќе бидат достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Средствата преку WBIF ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти во одржлив транспорт, чиста енергија, дигитализација и развој на човечкиот капитал, во соработка со меѓународни финансиски институции и партнерите од Западен Балкан.

Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Унија, има цел да ги приближи земјите од регионот до европскиот пазар и да ги забрза реформите преку финансиска поддршка поврзана со конкретни резултати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР
Следна Статија Пет земји членки на ЕУ предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку

Државната награда за остварувања во областа на публицистиката и новинарството „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, денеска, во Кристалната сала на…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“

Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Обилни дождови предизвикаа зголемени водостоји и поплави на повеќе локации

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?