Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година
МАКЕДОНИЈА

Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

Објавено May 21, 2026 04:54
Сподели
Сподели

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година.

Признанието го доделуваше Европското движење во Република Македонија во рамки на одбележувањето на Денот на Европа.

Кедев, кој поради неодложни обврски не можел да присуствува на доделувањето, преку видео порака изрази искрена благодарност за укажаната чест и големото признание. Потенцира дека ова признание за него не претставува само чест, туку и поттик за уште поголема посветеност кон овие вредности кои го прават животот подобар за сите.

Европските вредности, почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права претставуваат универзални вредности што ја обединуваат Европа. Сите посакуваме да ја видиме Македонија како дел од европското семејство кое не само што ги негува туку и ги живее овие вредности – нагласи кардиологот Кедев.

Тој потенцира дека во духот на европското, обединети во различностите, остануваме посветени на идејата дека токму различностите не збогатуваат, а заедништвото не прави посилни.

Со оваа плакета им се оддава признание на поединци кои со својот личен и професионален ангажман придонесуваат за промоција на европските вредности и процесите на евроинтеграција.

Добитници на оваа награда претходните години се оперската пејачка Ана Дурловски, оперскиот пејач Благој Нацоски, оперскиот пејач и национален уметник Борис Трајанов, поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, економистот и уметник Вања Ефремова, виртуозниот гитарист и композитор Влатко Стефановски,
фудбалерот и спортски амбасадор Горан Пандев, генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов, ликовниот уметник Јован Балов, академикот, писателот и дипломатот Луан Старова, академикот и поранешен претседател на МАНУ Љупчо Коцарев, параолимписката шампионка во стрелаштво Оливера Наковска Бикова – параолимписка шампионка во стрелаштво, политичарката Радмила Шеќеринска, кореографката и професорка Рисима Рисимкин, актерот Сашко Коцев, пијанистот со светска кариера Симон Трпчевски и Тоше Проески – музичка легенда и хуманитарец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината
Следна Статија Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Коцевски потпишаа Протокол за подобрување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

Јавното обвинителство на Република Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?