Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува Вишото обвинителство да ја преиспита истрагата за ТЕЦ Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски очекува Вишото обвинителство да ја преиспита истрагата за ТЕЦ Неготино
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува Вишото обвинителство да ја преиспита истрагата за ТЕЦ Неготино

Објавено May 21, 2026 13:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „скандалозна“ одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, откривајќи дека ЕСМ веќе поднело жалба.

„ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО-ГОКК. Очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата. Да почекаме, па да коментираме“, рече Мицкоски.

Претходно, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја запира едногодишната истрага за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино во време на енергетската криза, бидејќи, како што кажаа, не обезбедиле доволно докази за да одат на суд со осудителен предмет.

Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ изјави дека обвинителството не може да ризикува судска постапка без цврсти докази дека осомничените ги сториле кривичните дела за кои беа гонети – злоупотреба при јавни набавки и перење пари.

Со истрагата беа опфатени 13 физички лица и една фирма – РКМ. Меѓу осомничените беа Ратко Капушевски, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“ и син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, како и поранешните директори на ЕСМ Васко Ковачевски, Адриан Муча и Ерџан Сулковски.

Кривичната пријава лани ја поднесе МВР, кое тврдеше дека државата била оштетена за повеќе од 167 милиони евра преку злоупотреби со набавките и транспортот на мазутот за ТЕЦ Неготино.

Но, обвинителството соопшти дека не биле обезбедени докази ниту за кривични дела, ниту за финансиска штета.

По запирањето на истрагата, од ЕСМ најавија жалба, а адвокатите на дел од осомничените веќе најавуваат можни барања за отштета поради притворот што им бил определен во текот на постапката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија се враќа на Евровизија
Следна Статија Студентите од Албанија најавија протест во Тирана за поддршка на колегите Албанци од Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Илон Маск сака да инвестира во Аргентина преку своите компании

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите…

September 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божиќ, испрати Божиќно…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола

Инспекторите од УЈП кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека „Пулс“ се суспендирани се додека трае постапката за…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас побара политичко обединување за уставни измени

Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам…

May 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?