Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ
СВЕТ

Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ

Објавено May 21, 2026 19:34
Сподели
Сподели

Секоја земја, вклучувајќи ја и Украина, има право и обврска да го брани својот територијален интегритет и независност, но Унгарија очекува унгарското малцинство во Украина да ги добие основните права пред отворањето на новата етапа во односите меѓу двете земји, изјави денеска премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, наведувајќи дека тоа е и клучен услов на Будимпешта за почеток на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Украина.

– Секоја земја, вклучувајќи ја и Украина, има право и обврска да го брани својот територијален интегритет и независност. Имаме унгарско малцинство кое живее во Украина и нема основни права. Во Централна Европа во 2026 година! Зборуваме за правото на јазик, култура и административна автономија. Повеќе од 100.000 Унгарци живеат во Закарпатје без основни човекови права – наведе унгарскиот премиер во интервју за „Ржечпосполита“.

Како што истакна, владата на Унгарија сепак е подготвена да отвори ново поглавје во односите со Украина, со напомена дека пред тоа унгарското малцинство во Украина мора да ги добие „основните права“.

– Се договоривме со Украинците да почнеме разговори на техничко ниво. Преговорите почнаа и ќе видиме како ќе се одвиваат. Ако дадат резултати, ќе преговараме на повисоко ниво. Ако и тие разговори бидат успешни, ќе се сретнам со украинскиот претседател Володимир Зеленски во еден од градовите во Закарпатје за да отвориме нова етапа во нашите односи – појасни Маѓар.

На прашањето дали тоа е услов за Унгарија да се согласи за отворање на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Украина, Маѓар одговори потврдно и нагласи дека тоа е „услов без кој не се може“.

– Првото поглавје од пристапните преговори се однесува токму на владеењето на правото и демократијата. Ако некој сака да пристапи во европскиот клуб, мора да ги почитува тие права. Тоа не е ништо тешко ниту комплицирано – заклучи претседателот на владата на Унгарија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Играчите на Шкендија не ги слушнале повиците дека треба да примат медали како поразени во Купот
Следна Статија Мицкоски : Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уште пет лица уапсени за грабежот во Лувр

Уште пет лица се уапсени во рамки на истрагата за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз што се случи…

October 30, 2025
СВЕТ

Трамп: Случајот против Ле Пен е „лов на вештерки“

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ понуди поддршка на лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, откако судот во Париз…

April 4, 2025
СВЕТ

Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските…

September 5, 2025
СВЕТ

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?