Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив
ХРОНИКА

Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив

Објавено May 22, 2026 08:51
Сподели
Сподели

Голема трагедија се случила ноќеска на скопската Обиколница. Во тешка сообраќајна несреќа загинале тројца млади и таткото на едниот од нив, откако во нивната лента се престроил камион и го собрал возилото. Сообраќајот беше нормализиран на патот дури шест часа после трагедијата.

Според видео материјал од настанот возилото во кое биле тројцата млади и таткото на едниот од нив, се запалило целосно и било пеплосано. Според неофицијални информации, загинатиот маж е оперски солист и првенец на Македонската опера и балет, а во автомобилот со него животот згасна за уште 3 млади.

На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопјe, информирале од МВР за „Слободен печат“.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат, посочуваат оттаму.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. За време на вршење на увидот, односно во периодот од 23 часот и 10 минути до 5 часот сообраќајот е пренасочуван на патниот правец Тетово-Велес, кај клучка Приштина кон с.Визбегово, и Велес-Тетово кај клучка Мирковци. Во 5 часот сообраќајот е нормализиран, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23 часот и 30 минути се вршело пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Литија со појасот на пресвета Богородица во Белград
Следна Статија Оперскиот пејач Ристе Велков е еден од четворицата загинати на скопската обиколница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во езерце во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Според полицијата,…

December 24, 2025
ХРОНИКА

Криминалец се јавил кај семејството во обид да изнуди пари – трет ден се трага по 43-годишната Лидија

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, која трет ден се води за исчезната. Според семејството,…

November 10, 2024
ХРОНИКА

(ФОТО) Шоферот на Заев со лисици на рацете, осомничен за подметнување на пожар

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека ова било доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на…

July 29, 2025
ХРОНИКА

Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?