Глупавaта опструкција на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане, напиша на Твитер поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.
„Новата бугарска влада треба да се засрами“, порача Рот.
Петрова-Чамова на министерскиот состанок на НАТО во Шведска имаше средба и со германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадепул кој порача дека „проширувањето е геополитичлка неопходност и дека (ЕУ) се стреми кон зголемен моментум“.
Петрова-Чамова денес треба да има средба со нашиот шеф на диполоматијата Тимчо Муцунски која веројатно беше и поводот таа да излезе во бугарската јавност со напишан став за спорот со Македонија, што го згрози Рот.
