Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името
ЕКОНОМИЈА

Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името

Објавено May 23, 2026 15:27
Сподели
Сподели

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски.

Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги.

Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво.

Министерството за финансии и во 2026 година продолжува со засилени теренски и вонтеренски контроли над финансиските друштва. Во досегашните надзори се констатирани повеќе неправилности, при што од почетокот на годината па досега се изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Паралелно со контролите, Министерството подготвува и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва.

Целта на законските измени е да се намали ризикот од прекумерно задолжување кај граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето на финансиските друштва.

Министерството за финансии ќе продолжи со интензивни контроли и ќе ги презема сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватите ја присвоија српската слава како хрватско културно наследство
Следна Статија Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата

 Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се доближи до историскиот просек

Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво.…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?