Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница
ХРОНИКА

30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница

Објавено May 23, 2026 20:30
Сподели
Сподели

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор.

Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд.

Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).

Во информацијата од Обвинителството се наведува дека возачот не ја прилагодил брзината спрема условите на патот и изгубил контрола над возилото по што ја скршил металната ограда и преминал на другата страна од автопатот по што директно се судрил со патничкото возило „БМВ“.

Во несреќата загина 51-годишниот баритон Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две момчиња на 20 години.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 15-годишник се обидел да силува друго дете во Дом за деца во Центар
Следна Статија Лада престана со работа во Германија по повеќе од 50 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник со нож избодел дете во Кочани

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Украле сеф со пари од фирма за брз трансфер, ама полицијата ги фатила

Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот…

April 5, 2025
ХРОНИКА

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер

Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?