Компанијата „Lada Automobile GmbH“ со седиште во градот Букстехуде, германскиот увозник на рускиот автомобил „Lada“, кој западна во финансиски проблеми, поднесе барање за стечај.
Бидејќи компанијата не можеше да најде нов инвеститор, ова означува крај на повеќе од 50-годишното постоење на рускиот бренд на германскиот пазар, објавува порталот „t-online“.
Бизнисот во Букстехуде е суспендиран неколку месеци.
