Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница
ХРОНИКА

30-дневен притвор за возачот на камион што усмрти четворица во сообраќајка на скопската обиколница

Објавено May 23, 2026 20:30
Сподели
Сподели

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор.

Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд.

Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).

Во информацијата од Обвинителството се наведува дека возачот не ја прилагодил брзината спрема условите на патот и изгубил контрола над возилото по што ја скршил металната ограда и преминал на другата страна од автопатот по што директно се судрил со патничкото возило „БМВ“.

Во несреќата загина 51-годишниот баритон Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две момчиња на 20 години.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 15-годишник се обидел да силува друго дете во Дом за деца во Центар
Следна Статија Лада престана со работа во Германија по повеќе од 50 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Еден загинат, повеќе повредени во тежок судир кај охридскиот аеродром

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат…

July 10, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Објавени меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами. Основното јавно обвинителство Скопје вчеравечер до…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово, во координација со СВР Скопје и Единицата за економски криминал при МВР, на 7 јануари…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?