Денеска Македонија го слави Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а по повод празникот се одржа и свечена академија во Охрид. Секој Македонец треба да знае кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме.
Но, и не треба да заборавиме што зборуваше екс премиерот Зоран Заев,за Св Кирил и Методиј.
Годината е 2019, а премиер е тој – Зоран Заев. Го паметиме по доста гафови, уште толку велепредавства, а ова е две во едно – тој е прв македонски премиер кој во интервју порача дека со Бугарите имаме заедничка историја, и Делчев е заеднички, а богами и Цар Самоил… Многу работи беа кажани на тоа интервју, после кое неговите „браќа“ ни ставија вето, но на денот на просветителите Свети Кирил и Методиј, да потсетиме на оваа катастофална изјава од која треба да се срами не само Заев, туку и неговата партија
