Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче гарант нема слушнато дека Радев зборувал оти Гоце Делчев е Бугарин а писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче гарант нема слушнато дека Радев зборувал оти Гоце Делчев е Бугарин а писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија
ПОЛИТИКА

Филипче гарант нема слушнато дека Радев зборувал оти Гоце Делчев е Бугарин а писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија

Објавено May 27, 2026 11:05
Сподели
Сподели

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства.Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од источниот сосед.Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и на ултиматумите и бугарските диктати ќе им нема крај. Тоа Филипче го знае, затоа што се е јавно кажано, само на него и на СДС им одговара да зборуваат дека Бугарите во Устав се последното барање од Бугарија и единствениот услов за продолжување на евроинтегративниот пат на државата.

Но, како послушник и пиун на Румен Радев, Филипче се претвори во главен лобист во државава за прифаќање на бугарските диктати. Затоа потсетуваме на видеа од 2019 година, кое повторно стана актуелно на социјалните мрежи, од говор на Радев како тогашен претседател на Бугарија пред голем аудиториум на конференција во Русија, на којшто присуствувал и Владимир Путин, говорел за македонската историја во бугарски контекст.

Во своето тогашно обраќање, Румен Радев зборувал и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија, а не од Македонија 

Во тоа време владата во Македонија ја предводел Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер и од нив како тогашна власт немаше никаква осуда за конкретниот говор на Радев, како што немаа реакција ни за изјавата на бугарската министерка која нè нарече северномакедонци.

Оттука јасно е дека бугарските власти немаат намера да застанат само на Бугарите во Устав, туку нивната намера е комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет. И за тоа подизведувачи им се СДС и Филипче.

Филипче јасно покажува дека доколку дојде на власт би им дозволил на Бугарите без никаква задршка, великанот Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, а Кирил и Методиј да бидат бугарски просветители кои ги описмениле словенските народи. И после тоа, секако би следел и македонскиот јазик кој за нив нема да е проблем да речат дека постои од 1945 година, исто како и дека македонскиот идентитет е од по втората светска војна, а дека се пред тоа било бугарско.

Од СДС и Венко Филипче друго и не се очекува, кога во свои редови го има Стево Пендаровски кој исто како и бугарските власти мисли за Гоце Делчев, како и Рубин Земон кој вели дека Делчев ништо не направил за Македонија.

Но времето на предавствата на СДС, Филипче и Заев и на националните и идентитетски отстапки заврши.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи просперитет и благосостојба на македонскиот народ, тоа нема да го дозволат.

Време е за реформи, не за прифаќање ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја.

 

Edit

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчки левичарски сојуз е името на новата партија на Ципрас
Следна Статија Не му се игра во Лига Европа: Модриќ можно е да се пензионира по СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во…

February 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Карпош: На втори ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински разво

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Петровска: Во СДСМ мора да има одговорност, но сега не е моментот за оставки

Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има…

November 2, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Зошто СДС е во паника, дали се плашат од исказот на Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до СДСМ, тврдејќи дека партијата е во хистерија по приведувањето на…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?