Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија
ЗДРАВЈЕ

Пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија

Објавено May 27, 2026 14:43
Сподели
Сподели

Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри низ државата.

Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека станува збор за значаен чекор со кој терапијата ќе им биде подостапна на пациентите.

Од Националното здружение за МС посочија дека ова е едно од нивните долгогодишни барања и дека пилот-програмата веќе почнува да се реализира во три јавни здравствени установи: ГОБ 8 Септември во Скопје, Клиничка болница Штип за Источниот и Североисточниот регион и Св. Еразмо во Охрид за Југозападниот регион.

– Доколку пилот-фазата ги даде очекуваните резултати, децентрализацијата ќе продолжи и во други градови, со што пациентите ќе избегнат долги патувања и дополнителни трошоци – соопштија од здружението.

Претседателката на Националното здружение за МС, Ана Карајанова Димитрушева, порача дека лицата кои живеат со мултипла склероза повеќе не се сами во својата борба.

В.д. директорот на Универзитетска клиника за неврологија, Јован Божиновски, истакна дека во државата моментално има околу 2.500 дијагностицирани пациенти со МС, а само во 2025 година биле регистрирани 115 нови случаи.

Тој најави и набавка на нов апарат за магнетна резонанца (МРИ), што треба значително да го забрза дијагностицирањето и следењето на болеста.

Според Божиновски, буџетот за лекови за МС за 2026 година е зголемен и ќе изнесува 451 милион денари. Со тоа, бројот на пациенти кои ќе добиваат терапија ќе порасне од 961 оваа година на повеќе од 1.020 пациенти следната година.

Речиси 600 пациенти веќе примаат високоефикасна модифицирачка терапија, која помага во спречување на релапси и долгорочен инвалидитет.

На настанот беа презентирани и резултати од истражување за планирање семејство кај жени со МС, спроведено од д-р Слободанка Бурнеска Саздова. Истражувањето покажало дека многу пациентки имаат желба да станат мајки, но се обесхрабрени од страв од влошување на состојбата и недоволна информираност.

Како одговор на овие резултати, здружението промовираше едукативна брошура за планирање семејство кај лица со МС.

Во знак на поддршка, зградата на Археолошки музеј на Македонија ќе биде осветлена во портокалова боја – симбол на поддршка за лицата со мултипла склероза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче бара уште еден референдум за ЕУ
Следна Статија Воената академија распиша конкурс за нови студенти и питомци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Со трансплантација на рожници на Клиниката за очни болести се отвора нова страница во развојот на трансплантационата медицина

Во ноември годинава, беше извршена прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство. На Клиниката за очни болести беа…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку…

April 19, 2026
ЗДРАВЈЕ

КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин

Нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа во текот на претстојниот месец, најави денеска директорот на Фондот за здравствено…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?