Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година

Објавено May 27, 2026 15:08
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за остварените приходи во 2025 година истекува на 1 јуни 2026 година.

Од УЈП појаснуваат дека рокот е продолжен бидејќи 31 мај паѓа во недела, па граѓаните треба најдоцна до 1 јуни преку системот „е-Даночни услуги“ да извршат увид и да ја потврдат или коригираат својата пријава.

По истекот на рокот, односно од 2 јуни, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на УЈП.

Според податоците на Управата, за 2025 година биле генерирани вкупно 862.896 даночни пријави, што е за повеќе од 21 илјада повеќе во споредба со претходната година. Досега биле потврдени 27.788 пријави.

Од УЈП посочуваат дека податоците од ДЛД-ГДП се користат за издавање уверенија за остварен доход и за остварување права пред други институции.

Дополнително, граѓаните кои во 2025 година оствариле доход поголем од два милиони денари по основ на изнајмување деловен простор, услуги или продажба на земјоделски производи, може да имаат обврска за регистрација како ДДВ-обврзници.

Кај лицата кај кои е утврдена обврска за доплата на данок, по истекот на рокот УЈП ќе генерира налог за доплата со фолио број, додека обврзниците со повеќе платен данок ќе можат да поднесат барање за поврат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
Следна Статија Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа го прифаќа ограничувањето на рекламирањето, но остро се противи на предлогот објектите за…

May 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме!

Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата.…

March 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?