Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез
СВЕТ

Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез

Објавено May 27, 2026 15:10
Сподели
Сподели

Шпанската полиција влегла во седиштето на владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија во Мадрид со судски налог, со цел да собере информации за можна незаконска финансиска шема поврзана со поранешна членка на партијата, објави шпанската јавна телевизија RTVE.

Во центарот на истрагата е Леире Диес, која е осомничена за незаконски исплати поврзани со државниот холдинг SEPI, што управува со дел од стратешките компании во државата.

Оваа акција доаѓа само два дена откако судија го повика поранешниот шпански премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро да даде исказ во случајот „Плус Ултра“, во кој е осомничен за трговија со влијание и перење пари.

Паралелно, во тек е и постапка против сопругата на актуелниот премиер Педро Санчез поради сомнежи за трговија со влијание.

Полицијата веќе еднаш влезе во седиштето на PSOE во јуни минатата година, кога тогашниот партиски секретар Сантос Сердан беше обвинет за наводно местење договори за јавни работи.

Новите афери дополнително го зголемуваат притисокот врз Санчез, кој е на власт од 2018 година, а следната година го очекуваат парламентарни избори.

Во меѓувреме, Санчез денеска престојува во Ватикан на средба со папата.

Лидерот на опозициските конзервативци Алберто Нуњез Феихоо побара распишување предвремени избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година
Следна Статија Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Тлото се тресеше, никој не верува дека е земјотрес, дали Иран го изврши првиот нуклеарен тест

Неколку дена по објавувањето на веста за земјотрес во иранската провинција Семнан, на социјалните мрежи продолжија шпекулациите дека потресите биле…

October 12, 2024
СВЕТ

Прва посета на шефот на германската дипломатија на САД

Новиот министер за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, утре ќе отпатува во прва посета на САД, каде што на…

May 26, 2025
СВЕТ

Кинезите се откажаа од купување руска нафта

Големите кинески државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море откако САД воведоа санкции…

October 23, 2025
СВЕТ

Само се шегувавме, кажа Макрон за снимката на која Брижит му удира шлаканица

„Само се шегувавме. Тоа беше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот, како објаснување за видеото на кое се…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?