Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети, Османи и Села во Приштина на американски конгресмен му побараа Уставен суд со Бадентер и службен Албански јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети, Османи и Села во Приштина на американски конгресмен му побараа Уставен суд со Бадентер и службен Албански јазик
ПОЛИТИКА

Ахмети, Османи и Села во Приштина на американски конгресмен му побараа Уставен суд со Бадентер и службен Албански јазик

Објавено May 28, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и претседателот на АА, Зијадин Села, во Приштина оствариле средба со американскиот конгресмен Кит Селф. Тие велат дека со претседателот на Поткомитетот за Европа во Американскиот конгрес разговарале за политичката состојба во Северна Македонија, правата на Албанците, службената употреба на албанскиот јазик, како и за функционирањето на Уставниот суд и Бадентеровиот принцип.

„На американскиот конгресмен му ја изразив нашата загриженост и сериозноста на тенденциите за удирање врз службената употреба на албанскиот јазик во Македонија, како и нашите ставови по ова прашање. Во таа насока го информирав и за нашиот став за воведување на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, како механизам за заштита од мајоризација во една важна институција која во последно време се претвори во извор на криза и меѓуетнички тензии.

Ја споделив и загриженоста за судството кое функционира врз основа на името и презимето што го имаш, а не според делото што си го направил, посочувајќи го случајот „Алфа“, 18 години затвор без вина за Агим Ислами и сега починатиот Реџаил Ќерими, правејќи паралела со ослободувањето од затвор на осудените за тероризам во случајот од 27 април.

На средбата разговарав и за континуираните удари од страна на Владата и другите институции врз правата на Албанците кои произлегуваат од Охридскиот договор“, напиша Села.

„Разговаравме за политичките случувања во Северна Македонија, за предизвиците поврзани со зачувувањето на мултиетничкиот карактер на државата и за потребата од целосно почитување на Охридскиот договор како гаранција за мирот, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата.

Изразив благодарност за историската улога на Соединетите Американски Држави во градењето на мирот и демократитијата во нашата земја, како и за континуираниот американски интерес за стабилноста и евроатлантската иднина на регионот“, напиша Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нема ново задолжување во јуни
Следна Статија Европа се штити со казни: „ТЕМУ“ мора да плати 200 милиони евра, нуделе нелегални производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите, вели Мицкоски

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Претседателот треба да биде фактор на стабилност и обединување, а не продолжена рака на владата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да го чисти сметот, Арсовска прави „селфи“ пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ излезе со коментар на фотографијата што денеска се појави на социијалните на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска прави…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?