Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка
ПОЛИТИКА

Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка

Објавено May 28, 2026 20:59
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, рече дека не гледа ништо спорно во тоа што градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, назначил свој заменик на функцијата и тврди дека од Општината не добил известување дека Лукровски си поднел оставка од функцијата.

Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој градоначалник, без исклучок, има можност да именува свој заменик од редовите на Советот на таа општина.

Во однос на прашањето дали Лукровски има поднесено оставка, Перински кажа оти не го разбира прашањето бидејќи согласно закон градоначалник оставка не поднесува до Министерството за локална самоуправа, туку до Општината, која потоа е должна за тоа да го извести ресорното министерство.

„Не го сфаќам прашањето затоа што овде не станува збор за Сотир, Златко, Трајчулески итн. Прочитајте го законот или јас ќе ви објаснам. Градоначалникот Сотир (Лукровски) не поднесува оставка во Министерството за локална самоуправа, туку поднесува оставка во Општина Карпош, која е должна да го извести Министерството за локална самоуправа. Јас одговорно тврдам дека во овој момент Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка“,рече Перински.

Општина Карпош на 8 мај преку соопштение ги отфрли информациите кои се појавија во дел од медиумите дека градоначалникот Лукровски се повлекува од функцијата. Како што соопштија оттаму, додека градоначалникот е на боледување, неговите надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.

Дел од медиумите на почетокот на месецов објавија дека Лукровски наводно во два наврати веќе се обидел да поднесе оставка, но неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, не го дозволувала тоа, инсистирајќи тој да остане на функцијата.

Наводите дека Лукровски си поднел оставка од функцијата градоначалник на Карпош ги отфрли и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во изјава за медиумите рече дека градоначалникот е боледување. Тој тврдењата дека Лукровски наводно си поднел оставка им ги препиша на, како што ги нарече политичките глодачи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијата Ристов негира вина, Обвинителствот тврди дека ќе докаже оти „соѕиданите“ 350.000 евра биле негови
Следна Статија Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на…

March 27, 2026
ПОЛИТИКА

Мисајловски: Повикуваме на масовна излезност во втор круг

ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра

Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?