Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето
МАКЕДОНИЈА

Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето

Објавено May 29, 2026 10:08
Сподели
Сподели

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година.  Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на кои се изготвени испитните прашања. Од Државниот испитен центар (ДИЦ), кој го организира и спроведува матурскиот испит, посочуваат дека овие испитни програми се темелат на наставните програми по кои учениците следеле настава во текот на нивното четиригодишно образование.

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата,  12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

Гимназијалците полагаат само државна матура и се пријавени 5713 кандидати. Државна матура, исто така, може да полагаат и учениците од  стручните и од уметничките училишта, кои избираат помеѓу државна матура и стручна односно уметничка матура. Па така, според податоците на ДИЦ, од 8629 кандиудати за матура од средните стручни училишта – 6353 се пријавени за државна матура, а 2276 за државна стручна матура. Од 245 кандидати од  уметничките училишта, пак, 118 се пријавени за државна матура и 127 за уметничка државна матура.

Даниела Јовчевска-Михајловска, директорка на Државниот испитен центар, за МИА изјави дека подготовките за реализација на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура се одвиваат според утврдена динамика и рокови.

– Целта ни е сите ученици да имаат еднакви услови и фер полагање. Во согласност со новата Концепција, изработени се посебни тестови за секој вид матура, врз основа на испитните програми за полагање. Организацијата, секако, бара поголем ангажман, но Државниот испитен центар е подготвен да одговори на новиот предизвик, изјави директорката на ДИЦ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка
Следна Статија Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата, УНИЦЕФ бара промена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Известувачот Вајц: Македонија е блокирана поради идентитетски прашања

Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека почнала процедурата за повеќе од илјада нови вработувања во здравството, остануваат само формалните чекори…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?