Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се снима биографски филм за Слаткар со поддршка од Агенцијата за филм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќе се снима биографски филм за Слаткар со поддршка од Агенцијата за филм
ЗАБАВА

Ќе се снима биографски филм за Слаткар со поддршка од Агенцијата за филм

Објавено May 30, 2026 13:10
Сподели
Screenshot
Сподели

Агенцијата за филм ги објави резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Со одлуките се поддржани повеќе долгометражни играни и документарни филмови, како и меѓународни копродукции со партнери од повеќе европски земји.

Годинава за првпат беше применет нов модел на презентација на долгометражните филмски проекти, при што авторите и продуцентите имаа можност непосредно да ги претстават своите идеи пред стручната комисија. Од Агенцијата посочуваат дека новиот пристап има цел да обезбеди поголема транспарентност и поквалитетен процес на селекција.

Меѓу поддржаните долгометражни играни филмови е „Кралот на ѓубрето“ на режисерот Георги М. Унковски, автор на наградуваните остварувања „Диџеј Ахмет“, „Налепница“ и анимираната серија „Буквождер“. Филмот ќе се реализира во продукција на „Синема Футура“ во копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска.

Поддршка доби и проектот „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари, режисерот на филмот „Сите го викаат Реџо“, кој беше меѓу најгледаните филмови на албански автор во изминатата година. Во категоријата долгометражен игран филм е избран и проектот „Татко“ во режија на Јани Бојаџи.

Во областа на документарниот филм поддршка доби „Вител на изумирањето“ на Љубомир Стефанов, коавтор на светски познатиот документарец „Медена земја“. Меѓу избраните е и „Слушни ме!“ на Радован Петровиќ, биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој се занимава со предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорни и комуникациски потешкотии.

Значителен дел од поддржаните проекти се реализираат како меѓународни копродукции со партнери од Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Чешка, Романија и Обединетото Кралство.

Меѓу нив се издвојува документарниот филм „Голема во Гази Баба“, кој ја раскажува приказната за 14-годишната борачка Садије и нејзината борба со традиционалните родови и етнички ограничувања во сопствената средина. Проектот претходно бил развиван во рамките на програмата Cannes Docs.

Поддржан е и документарниот филм „Езерото“, посветен на Преспанското Езеро, кој се реализира како заеднички проект на Македонија, Албанија и Грција.

Меѓу избраните проекти е и „Виењето на волците“ на Тамара Котевска, режисерка на двојно оскаровски номинираниот документарец „Медена земја“ и на „Приказната за Силјан“.

Поддршка доби и интернационалниот документарен проект „Плејтопија“, во кој осум деца создаваат сопствен свет во студио инспирирано од форматот на реалните шоуа. Проектот е копродукција меѓу Македонија, Чешка и Романија.

Меѓу поддржаните копродукциски документарни филмови е и „Крај на гравитацијата“, кој ја следи повеќедецениската визија на словенечкиот режисер Драган Живадинов и уметницата Дуња Зупанчиќ за пренесување на театарската уметност во вселената.

Од Агенцијата за филм потсетуваат дека конкурсот останува отворен во текот на целата година, а вториот рок за поднесување проекти е до 3 август 2026 година. Оттаму ги повикуваат филмските автори и продуценти да аплицираат со свои идеи и да придонесат кон понатамошниот развој на македонската кинематографија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот, се шират лажни вести за личен бенефит
Следна Статија Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Празник за уши: Сузана Спасовска со „Судбо моја“ на „Златна Бубамара 2025“

И оваа година доделувањето на наградите за најпопуларните на „Златна бубамара“ помина со многу хумор, уметнички и музички настапи вредни…

March 3, 2025
ЗАБАВА

Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот

На фејсбук-страницата „Станови за изнајмување во Дубровник“ овие денови се појави објава што ги насмеа оние што ја видоа. Имено,…

August 23, 2025
ЗАБАВА

Кралот Чарлс ги угости принцот Хари и неговото семејство за прв пат по четири години

Кралот Чарлс и кралицата Камила денес ги угостија војводата и војвотката од Сасекс, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Хајгроув…

July 11, 2026
ЗАБАВА

Од денеска ќе им се насмее среќата: Три хороскопски знаци ставаат крај на тешкиот период

Месечината во Близнаци ги поттикнува да размислат за своите избори. Под оваа моќна енергија, конечно се наѕира крајот на тешките…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?