Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница,најавени ригорозни инспекции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница,најавени ригорозни инспекции
ЗДРАВЈЕ

Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница,најавени ригорозни инспекции

Објавено May 30, 2026 19:28
Сподели
Сподели

Новиот закон за пушење не е креиран ад-хок, туку во консултации со сите засегнати страни – низ инклузивен процес, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски на средбата со еснафските здруженија во Владата. Тој најави дека законот во вторник ќе биде ставен на владина седница, a целта на Владата е да се бори што помалку да луѓе да консумираат тутун.

„Верувајте ни инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата, ова го повторувам, нема да има повластени региони, градови, населени места итн. каде што ќе нема да се почитува законот и за ова јас ви гарантирам, и тука ќе нема никаков пардон“,вели Мицкоски.

Министерот за здравство, Азир Алиу, кажа дека моменталниот закониот е донесен во 1995. година и дека покрај деветте измени, тој не одговара на реалната состојба во државата. Тој ги сподели и следниве податоци:

– 3.600 смртни случаи годишно (околу 13% од сите смртни случаи во државата) се поврзани со тутунот.

– 38 милијарди денари (над 600 милиони евра) изнесува годишната економска загуба, што е 5,16% од БДП.

– 13,6% од младите на возраст од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, што е највисока стапка од 2002 година. Драстичен е и податокот дека дури 73% од младите пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст.

„Законот не го забранува производството, увозот, извозот или продажбата на тутунските производи, но ја уредува нивната употреба и промоција таму кадешто таа влијае врз јавноста на луѓето. Новиот закон обезбедува чист воздух во затворени јавни и работни простории, со целосно опфаќање на електронските цигари и несогорливите тутунски производи. Ја зголемува заштитата на децата – забрана за пушење во приватно возило ако во него има дете, како и целосна забрана на оддалеченост помала од 20 метри од влезовите на училиштата, градинките и здравствените установи. Новиот закон воведува јасен критериум – за да биде дозволено пушење, летната тераса мора да биде отворена од најмалку две страни. Законот воведува сеопфатна забрана за промоција и спонзорства на онлајн платформите, социјалните мрежи и преку инфлуенсерски маркетинг. Новиот закон опфаќа и ефикасен надзор -се предвидуваат 14 надзорни и инспекциски органи со прецизно разграничени надлежности“,кажа Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мечка нападна стадо овци кај село Крклино, битолско
Следна Статија Приведен кумановец, ги натепал партнерката и нејзиниот син

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави…

January 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Добар сон – половина здравје

Во денешното брзо темпо на живот, многу луѓе често одат на спиење доцна, сметајќи го тоа за безопасна навика. Сепак,…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Здравствениот систем беше затекнат во девастирана состојба, младите кадри се клучни за обнова

Во денешното издание на поткастот, „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше Д-р Игор Николов, доцент на Медицинскиот факултет и лекар на Универзитетската клиника…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?