Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Радев контра САД: Ако не се укинат визите за Бугарите, нема да дозволиме долг престој на американските авиони во Софија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Радев контра САД: Ако не се укинат визите за Бугарите, нема да дозволиме долг престој на американските авиони во Софија
БАЛКАН

Радев контра САД: Ако не се укинат визите за Бугарите, нема да дозволиме долг престој на американските авиони во Софија

Објавено May 30, 2026 15:55
Сподели
Сподели

Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека Софија нема да одобри продолжен престој на американските воени авиони на аеродромот „Васил Левски“ доколку САД не покажат напредок во процесот за укинување на визите за бугарските граѓани.

На почетокот на седницата на Советот на министри, Радев изјави дека бугарската влада ќе ги преиспита параметрите на дозволата за присуство на американските воздухопловни сили во земјата. Станува збор за авионите на САД стационирани на софискиот аеродром, кои првпат беа јавно забележани во февруари годинава како дел од активностите поврзани со засилената будност на НАТО.

„Целосно ја разбирам сложеноста на регулаторните процедури и потребата од време. Но, и ние имаме свои приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој на авионите-цистерни на аеродромот во Софија“, изјави Радев.

Тој потсетил дека на неодамнешна средба со американскиот претседател побарал укинување на визите за бугарските државјани, но дека досега не добил позитивен одговор од Вашингтон.

Радев рече дека Бугарија ќе го продолжи престојот на американските авиони само до крајот на јуни, со цел да им се овозможи на сојузниците време да ги приспособат своите операции и да пронајдат алтернативни локации.

Американската амбасада во Софија уште во февруари испратила дипломатска нота со барање за распоредување до 15 воени авиони на аеродромот „Васил Левски“ во периодот од 17 февруари до 31 мај. Бугарското Министерство за одбрана тогаш соопшти дека станува збор за логистички летала без ударни функции, меѓу кои се авионите KC-135 Stratotanker, C-130 Hercules и C-17 Globemaster III.

Дозволата за нивно распоредување ја одобри владата предводена од Росен Жељазков, а според бугарските власти, леталата се користат за поддршка на операциите на НАТО во регионот.

Изјавата на Радев претставува досега најдиректно поврзување на американското воено присуство во Бугарија со долгогодишното барање на Софија за вклучување на земјата во американската програма за безвизно патување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најавено поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Следна Статија Жителите на Амстердам поднесоа тужба против градот поради пренатрупаност на туристи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да…

November 25, 2024
СВЕТ

САД ја удвоија наградата на 50 милиони долари за апсење на Мадуро

Соединетите Држави (САД) на 8 август објавија дека ја дуплирале наградата, на 50 милиони долари, за апсење на венецуелскиот претседател…

August 8, 2025
БАЛКАН

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Припадници на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска се обиделе да го приведат претседателот на…

April 23, 2025
БАЛКАН

Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску

Романската полиција денеска изврши претрес на неколку домови како дел од истрага за наводни нерегуларности при победата на крајнодесничарскиот кандидат…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?