Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“
БАЛКАН

Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“

Објавено June 25, 2026 14:46
Сподели
Сподели

Прво палењето на автомобилите на бугарската амбасада во Скопје, а потоа објавувањето на дипломатската нота од јануари годинава за патувањето на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски во зимскиот центар Пампорово во Бугарија од една опскурна Фејсбук група дополнително ги влошија односите меѓу Скопје и Софија.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков и побарал објаснување на инцидентот.

Радуков не дал одговор, но затоа се јави бугарското министерство за надворешни работи кое вели дека тие не дистрибуирале дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членовите на семејството на Мицкоски. И велат дека настанот е од „далечно минато“.

„Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, ​​изјави Министерството за надворешни работи, цитирано од бугарската бТВ.

Фотографија од документ презентиран како дипломатска нота од Амбасадата на Македонија во Софија прикажува дека се бара обезбедување транспортен коридор за сопругата и синот на Мицкоски, кои патуваа во Пампорово на почетокот на годината, и „доколку е можно, полициска придружба за целиот престој на гостите“.

Наводната нота го наведува приближното време во кое сопругата и помладиот син на премиерот на Македонија ќе ја преминат границата меѓу двете земји, како и придружните лица поврзани со безбедноста на семејството на Мицкоски – имињата на безбедносните службеници, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди и оружјето што го носат со себе.

Фотографијата од наводната нота од Христијан Мицкоски беше опишана како „радикализација“ на односите меѓу двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Најмалку 164 загинати од силните земјотреси во Венецуела
Следна Статија Презентирана нова метода за рано откривање на тумор преку анализа на крв

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за…

October 25, 2024
БАЛКАН

Ептен се опарил: Таксист во Сплит му наплатил 200 евра по километар на странски турист

Синоќа турист во Сплит платил дури 209 евра за возење со такси за само 1,4 километар. Туристот се качил со…

October 24, 2024
БАЛКАН

Падна Владата на Бугарија!

Бугарскиот премиер Росен Жељазаков поднесе оставка од функцијата претседател на Владата по неколкунеделни улични протести поради нејзината економска политика и…

December 11, 2025
БАЛКАН

Српски политичар објави фотографија: Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин

Никола Сандуловиќ, претседателот на српската Републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?