Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект

Објавено May 30, 2026 19:37
Сподели
Сподели

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално претставува дел од архитектонското наследство со својот уникатен изглед, но за жал од непознати причини не е вклучена на листата споменици на културата, реагираат од Охрид СОС.

Од таму додаваат дека единствена информација добиена од работниците е дека се расчистува просторот за зграда, како и дека во повеќе наврати минатата година Иницијативата ја информирала јавноста и медиумите за намерите да се уништи дел од архитектонското наследство и значително урбано зеленило со цел изградба на огромен станбен објект.

„Баравме итно запирање на новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, кој претставува сериозна закана за културното и архитектонското наследство во самиот центар на Охрид. Планот предвидува рушење на неколку значајни објекти, меѓу кои и уникатната градска куќа која идната година (1927) треба да заокружи еден век, како и Здравствениот дом – Маларична, исто така изградена пред безмалку еден век. Дополнително, под удар се и две вредни згради од модерната архитектура – детската градинка и старата училишна зграда на ООУ „Григор Прличев”. Со неговата реализација, а за изградбата на четирикатница долга преку 100 метри и комерцијални објекти, би бил уништен училишниот парк, дворот на детската градинка, јавното урбано зеленило и трајно би се нарушил изгледот и духот на оваа мирна урбана целина.

Ваквиот урбанистички план е спротивен на принципите на заштита на културното наследство и носи непоправливи последици за урбаниот пејзаж на Охрид. Наместо почит кон историските слоеви на градот, се предлага бришење на објекти кои се дел од колективната меморија на охриѓани. Граѓаните не беа соодветно информирани и вклучени во процесот, што дополнително го поткопува легитимитетот на донесените одлуки.

Баравме повлекување на урбанистичкиот план и изработка на ново решение кое ќе ја почитува историјата, културниот идентитет и интересот на граѓаните. Дополнително, ќе биде ускладен со Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион. Со зачувување на овие објекти и јавни простори, ги штитиме не само архитектонската вредност, туку и автентичниот дух на градот. Апелиравме до надлежните институции да ја слушнат волјата на заедницата и да преземат одговорност пред историјата и идните генерации. Беше креирана и петиција која собра над 1000 потписи“ стои во соопштението.

Од Охрид СОС додаваат дека Охрид забрзано го губи архитектонското наследство од минатото, уникатни објекти беа срушени изминативе години а голем број се во опасност од рушење или пропаѓање.

„Се чини како Заводот за заштита на спомениците од Охрид и Управата за заштита на културното наследство да не прават ништо за да се спречи овој негативен тренд. Бараме од нив додека не е предоцна, да ги спречат градежните работи на оваа локација и да се сочува оваа уникатна градба од поновата охридска историја“ велат од Охрид СОС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерството за култура: „Слушни ме“ не е филм за Слаткаристика, туку проект со силна општествена порака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Раскинат договорот со надворешната компанија за кетеринг која ги хранеше војниците

Раскинат е договорот со надворешната компанија што ја снабдуваше Армијата со храна, потврди денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. -Еднострано…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Мицкоски

Во тек е прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Помалку зборување, повеќе акција во правосудството

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта ни порача дека мора да се исполни тоа што е ветено во 2022 година, но знае колку тоа е тешко

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на средбата со премиерот Мицкоски истакна дека процесот на евроинтеграции е тежок, понекогаш фрустрирачки…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?