Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници

Објавено May 31, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го слават еден од најважните христијански празници – денот на Света Троица, кој се нарекува и Духовден или Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите.

Овој празник се слави на 50-тиот ден по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Тој празник бил наречен Света Троица, бидејќи, според Евангелијата, покрај Светиот Отец и Синот, на овој ден физички се појавило и третото лице на Светата Троица – Светиот Дух.

Според Христовото ветување, на педесеттиот ден по Воскресението и десеттиот ден по Вознесението, благодатта на Светиот Дух се спуштила врз учениците на Синот Божји и тие потоа зборувале многу јазици, кои дотогаш не ги знаеле, и оделе по целиот свет да го проповедаат словото Господово.

Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, завршено е основањето на Христовата Црква, и затоа овој празник претставува и „роденден“ на христијанската црква.

Според важноста, во православниот свет, тоа е трет празник, по Велигден и Божиќ, и се одбележува со свечени богослужби во храмовите, каде што верниците се молат за духовен мир, благослов и сила. Првиот ден од Педесетница или Духовден е посветен на евангелскиот настан, слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Христовите ученици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект
Следна Статија Владата денеска ќе одржи вонредна седница за горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на…

March 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на…

May 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Гоце Делчев е дел од македонската визија и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава

Иванка Василевска, професор на правниот факултет при УКИМ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од трибината која се одржа денес,…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?