Необичен инцидент се случи за време на настан на чилеанската морнарица посветен на борбата против трговијата со дрога. Полициско куче обучено за откривање дрога ненадејно скокна врз вицеадмирал пред присутните гости и припадниците на вооружените сили на јужноамериканската држава, јавија локалните медиуми.
Настанот се случил за време на претставување на нови специјално обучени службени кучиња, кои се користат за откривање дрога, оружје и муниција. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како кучето во еден момент му се нафрла на високиот офицер, предизвикувајќи изненадување кај присутните.
En chile, estaban presentando una campaña anti drogas
Trajeron a un perro entrenado para detectarlas
Y apenas lo largaron se engancho al bolsillo de un almirante y lo tuvieron que sacar
El verdadero no me quemes jsjs pic.twitter.com/WEcCWqczJb
— ElBuni (@therealbuni) May 30, 2026
Со извесни напори, припадниците на службата за безбедност успеаја да го оттргнат кучето од вицеадмиралот и да го стават под контрола, но инцидентот остави отворени прашања за причините за таквата реакција на песот. На социјалните мрежи голем број луѓе на шега коментираат дека кучето „очигледно пронашло нешто сомнително“ кај високиот морнарички офицер
Церемонијата, и покрај краткиот прекин и смеата меѓу присутните, продолжила според планираната програма.
