Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра
СВЕТ

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале пожар, направена е штета од 100 илјади евра

Објавено May 31, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Две мачки предизвикале голем пожар во стан во повеќекатница во Долна Баварија, откако во текот на играта најверојатно ги активирале прекинувачите од ринглите на шпоретот, соопшти локалната полиција.

Пожарот избил во петокот наутро во округот Ландсхут, а густиот чад брзо се проширил низ целиот стан и зградата, предизвикувајќи паника меѓу станарите.

Пожарникарите успеале да спасат една од мачките од опожарениот стан. За жал, за второто милениче помошта пристигнала предоцна – животното подоцна било пронајдено мртво во просториите.

„На спасената мачка ѝ дадовме кислород, а потоа веднаш ја предадовме на ветеринар“, изјави командантот на противпожарната интервенција, Себастијан Бекл.

Како дошло до несреќата?

Според полицискиот извештај, причината за пожарот е крајно необична. Додека си играле во кујната, мачките случајно ги свртеле и ги активирале прекинувачите на две рингли од шпоретот.

Состојбата дополнително се влошила затоа што на една од вклучените рингли имало оставено пластично шише, кое веднаш се запалило. Пламенот и токсичниот чад потоа со голема брзина се прошириле низ домот.

Противпожарната служба соопшти дека нивната интервенција на терен траела сè до 11 часот претпладне. Станот е целосно руиниран и претрпел огромна материјална штета, која полицијата прелиминарно ја проценува на околу 100.000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Куче што намирисува дрога скокна врз чилеански адмирал
Следна Статија Филипче промовира Фронт за слобода и правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Пукање на дописничката вечера на Белата куќа – Трамп е неповреден и евакуиран, осомничениот е во притвор

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се евакуирани од вечерата на дописниците од Белата куќа во саботата навечер по…

April 26, 2026
СВЕТ

Орбан ќе ја блокира помошта за Украина додека не продолжат испораките на руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заемот од 90 милијарди евра…

March 19, 2026
СВЕТ

УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди

Американката агенција за меѓународен развој УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на…

February 4, 2025
СВЕТ

Потпретседателот на САД: Цените на горивата наскоро ќе се вратат во нормала

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во разговор со конзервативниот подкастер Бени Џонсон, зборуваше за војната против Иран. Венс рече дека…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?