Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива

Објавено June 1, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата.

– Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа  дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност, а ќе предизвика последици во работењето и тековните трошења од страна на Владата. Но за нив имам лоша вест. Буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави  Мицкоски, на новинарско прашање по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.

Мицкоси повтори дека постапката за ребаланс на Буџетот ќе биде во текот на месецов.

Одлучивме, појасни, мерката за горивата, односно за безоловниот бензин да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи, бидејќи цената на дизелот и на безоловниот бензин во втората половина на мај на светските берзи се движеше меѓу илјада и илјада двесте долари за барел.  – Така што, денес имаме два денара по литар намалена акциза и за дизелот и за бензините и истовремено имаме одобрен дополнителен попуст од страна на ОКТА за нејзините коминтенти од два денара по литар за безоловно гориво. Денеска одлуката на Регулаторната комисија беше дека имаме големо поевтинување на дизел горивото за шест и пол денари по литар и половина денар поскапување за безоловните горива. Кога на тоа ќе се додадат овие два денара по литар попуст од страна на ОКТА тогаш добиваме реално и де факто намалување и на безоловниот бензин од 1,5 денари  по литар и покрај тоа што данокот на додадена вредност има ставка од 18 проценти.  Со ова остануваме убедливо земја со најевтина цена на горивата, рече Мицкоски.

Тој соопшти дека потрошувачката  на нашите бензински станици од граѓаните од соседите земји е зголемена за 15 до 25 проценти, за разлика од претходниот период кога во одредени денови беше и до 50 проценти.

Потенцираше и дека ќе има и други мерки, зависно од состојбата со кризата.  –  Ја следиме внимателно кризата. Не брзаме, па во зависност од интензитетот на кризата, така и ние ќе постапиме, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Легендата на Партизан Мијатовиќ си поднесе оставка
Следна Статија Не издржавме ни една минута: Турција води против Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народната банка и ЕБОР заеднички работат на олеснување на пристапот до финансии за жените претприемачи

Народната банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, работат…

January 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка ја намалува каматната стапка на благајничките записи

Народната банка на Македонија најави намалување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Оваа промена е дел…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов…

November 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?