Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот
ХРОНИКА

Седум и пол години затвор за жената од Кратово која пред две години со нож ги уби сопругот и свекорот

Објавено June 2, 2026 11:32
Сподели
Сподели

Основниот суд во Куманово изрече казна затвор од седум и пол години за Вангелица Илијевска, откако таа го призна делото за убиство на својот сопруг и свекор во настан кој се случи во јуни 2024 година.

Во текот на денешното рочиште, Основното јавно обвинителство изврши преквалификација на делото од „убиство“ во „убиство на миг“, по член 125 од Кривичниот законик, по што обвинетата ја прифати вината.

Според образложението на обвинителството, психијатриското вештачење покажало дека Илијевска дејствувала во состојба на силна раздразливост и афект, кој бил поттикнат од претходен напад и долгогодишна семејна напнатост, што влијаело врз нејзината психичка состојба во моментот на извршување на делото.

Судијата од Основниот суд Куманово во образложението нагласи дека се работи за тежок и трагичен случај со две изгубени животи, но дека судот ги зел предвид и олеснителните околности, вклучително и признанието на вина и околностите наведени од одбраната.

Одбраната на Илијевска посочи дека таа подолг период била изложена на семејно насилство, за што биле приложени и докази од надлежни институции, како и дека е мајка на две малолетни деца и претходно не била осудувана.

Судот одлучи во казната да се пресмета и времето поминато во куќен притвор, а мерката притвор останува на сила до правосилноста на пресудата.

По изрекувањето на пресудата, во судницата имаше реакции на незадоволство, а самата обвинета, според присутни, ја примила одлуката со емоции и плач.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност, кажаа од Вреди по неговата оставка
Следна Статија Пендаровски: Заев му понуди договор на Мицкоски за уставни измени и предвремени избори, но тоа не се случи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обид за убиство во Струга, приведен 27-годишник

На 27.11.2025 година во 12.50 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија Е.А.(27) од струшкото село Франгово…

November 28, 2025
ХРОНИКА

Млада девојка почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“

Дваесет и две годишна девојка од Скопје почина откако беше удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Тешката сообраќајка се…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Син на поранешен функционер е повикан во полиција поради оддавање службена тајна

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Почина младиот фудбалер Виктор Боневски по тешка битка со болеста

Почина 21-годишниот Виктор Боневски, кој се бореше со малигна неоплазма на абдоменот. Тој беше опериран, но за жал, ја изгуби…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?