Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Антонио Кошта пристигна во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Антонио Кошта пристигна во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта пристигна во Скопје

Објавено June 2, 2026 18:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

– Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, напиша на Фесбук министерот Муцунски.

Веднаш по пристигнувањето, Кошта замина во Владата на разговори со Мицкоски. Предвидена е тет-а-тет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

– Мојата втора турнеја на Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Импулсот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјави Кошта пред посетата на регионот.

Во Скопје тој допатува од Тирана, а посетата ја почна вчера од Сараево.

Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен екс директорот на Царина, Стефан Богоев
Следна Статија Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште во Скопје. Изрази и сомнеж и неверица дека…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на Владата

Oд името на Владата можам да кажам дека сме исклучително задоволни и ни е чест што можеме да бидеме дел…

February 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и…

April 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?