Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода
МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода

Објавено June 3, 2026 09:19
Сподели
Сподели

Православните христијани денеска ќе го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу, заклучува народниот раскажувач.

Се верува и дека овој празник е многу важен за сите жени по име Елена. На тој ден, треба да отидете во црква и да запалите свеќа за мачениците кои ги дадоа своите животи во одбрана на христијанството.

Обичајот вели дека трипати треба да се миете со света црковна вода и така ќе го исчистите вашето тело и ќе се излечите од болести.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Следна Статија Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протестен марш во Скопје против поради загадувањето на Крива река

Еко активистите денска излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство од како што го нароека нефукционирањето на државните…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашиот потенцијал е да се развиваме, да бидеме држава преку три паневропски коридори, која ќе биде поврзана со Европа и со светот

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Тоа што открив дека премиерот ми се јави да се запознае за предметот за мазутот не гледам дека ми се…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров

Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?