Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
ХРОНИКА

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“

Објавено June 3, 2026 09:41
Сподели
Сподели

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“.

Во судницата беа изведени и документи за правниот статус на објектот согласно урбанистички планови, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за делот од објектот кој се третирал како бесправен објект, записници од извршени надзори, договор за закуп, барање за легализација, но и записник од одземени предмети и документи во дискотеката по пожарот.

Беа презентирани и фотографии од внатрешноста на дискотеката Пулс по реновирањето, а обезбедени од вештачењето на телефонот на првообвинетиот Дејан Јованов, за кои Обвинителство нагласи дека нема никаква официјална документација.

Од материјалните докази поврзани со Општина Кочани и дискотеката беа презентирани записник од извршен вонреден надзор, при што се утврдени неправилности – за објект со одобрение за лесна индустрија повеќе години се користи како објект за угостителска дејност дискотека и за истиот нема одобрение за пренамена, потоа Барање за неиздавање лиценца за работа од Општина Кочани од 2012 година со известување дека претходното известување од Општината е дека паркинг просторот се однесува за објекти за лесна индустрија, а не за ноќен клуб, и барање од 2012 година од Општина Кочани до Министерството за економија дека имаат информации дека компанијата Класик ТП поднела барање за лиценца за дискотека и да бидат известени во врска со тоа.

Одбраната реагираше дека дел од доказите се прибавени на незаконит начин и не треба да бидат изведени како докази, како и на самата законитост на прибрани докази.

Обвинителство презентираше и Записник за пронајдени и одземени предмети откако се овозможиле услови за тоа на лице место на настанот – од лични документи, лап топи, каса со пари и други предмети, меѓу кои беа посочени 140 билети на кочан за влез во дискотеката Пулс, Договор за патролно осигурување меѓу Рубикон секјурити солушнс и ММММ Кафе ДООЕЛ, Известување за вршење дејност и записник од извршен инспекциски надзор за безбедност и здравје при работа во дискотеката.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е голем празник, три пати треба се измиете со света црковна вода
Следна Статија (ВИДЕО) Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени…

January 2, 2026
ХРОНИКА

БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР  и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничен премин Богородица…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Маж пронајден починат на паркинг во Центар

На 30.06.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Малолетник со нож му нанел убодна рана на 15-годишен ученик

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?