Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески: Подобро е истрагата за „Мазут“ да се запре отколку да заврши со ослободителни пресуди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески: Подобро е истрагата за „Мазут“ да се запре отколку да заврши со ослободителни пресуди
МАКЕДОНИЈА

Савески: Подобро е истрагата за „Мазут“ да се запре отколку да заврши со ослободителни пресуди

Објавено June 3, 2026 22:18
Сподели
Сподели

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека принципиелно ја поддржува одлуката на надлежната обвинителка да ја запре истрагата за случајот „Мазут“, оценувајќи дека е подобро постапката да се затвори поради недостиг на докази отколку да се поднесе обвинение кое подоцна би паднало на суд.

На денешниот брифинг со новинарите, Савески посочи дека одлуката за запирање на истрагата не е конечна и дека постои можност предметот повторно да биде активиран доколку се појават нови околности или докази. Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство Скопје треба да се произнесе по приговорот што го поднесе ЕСМ, по што ќе биде познато дали истрагата ќе биде реотворена или предметот ќе остане затворен.

Осврнувајќи се на реакциите во јавноста и кај политичарите по одлуката за запирање на истрагата, Савески рече дека бил изненаден од критиките.

„Подобро е истрагата да се запре отколку да се поднесе обвинение што подоцна би завршило со ослободителни пресуди“, изјави тој.

Случајот „Мазут“ се однесува на набавки на мазут за потребите на ЕСМ, а под истрага беа опфатени 13 лица, меѓу кои бизнисмени и поранешни функционери. По повеќе од една година истражна постапка, обвинителката Катерина Коларевиќ ја запре истрагата со образложение дека собраните докази не биле доволни за поднесување обвинение што би можело да се одржи пред суд.

На брифингот Савески зборуваше и за телефонскиот разговор со премиерот Христијан Мицкоски по објавувањето на одлуката. Тој нагласи дека разговорот бил краток и дека не биле дискутирани детали од предметот, туку само законските можности што стојат на располагање по донесената одлука.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општински советник на СДСМ од Битола за 4 години 700 дена не бил на работа во РЕК Битола
Следна Статија Градежништвото и потрошувачката и натаму генератори на растот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Арсовска тврди дека добива закани по живот: Мене ќе ме утепаат…

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. -…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заеви слават во Гармиш Партенкирхен, на гости кај газдата на „Зобек мајнинг“

Зоран Заев, екс премиер со златен егзил и згради во Дубаи, ви ја честита Новата 2026 година со слика од…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од тетовски Групчин порача дека голем број лични документи се сменети со новото…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?