Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините
ХРОНИКА

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините

Објавено November 3, 2024 17:25
Сподели
Сподели

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид. Жртвата претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите. Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност


–Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева

    Посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат.

    Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.

    -Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.

    Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

    Сподели ја оваа статија
    Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
    Сподели
    Претходна Статија Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
    Следна Статија Медведев: На Трамп нема да му дозволат да ја сопре војната во Украина, ако навистина се обиде може да заврши како Џон Кенеди

    БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    ХРОНИКА

    По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

    Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија…

    October 8, 2025
    ХРОНИКА

    Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО

    На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето…

    April 11, 2025
    ХРОНИКА

    За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор

    Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои…

    July 15, 2025
    ХРОНИКА

    Полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата

    Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата. Како што неофицијално дознаваме, МВР преку…

    April 7, 2026
    Trending
    contact@trending.mk

    © Trending.mk  |  All Rights Reserved.

    Импресум
    Welcome Back!

    Sign in to your account

    Username or Email Address
    Password

    Lost your password?