Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват
БАЛКАН

„ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват

Објавено June 5, 2026 17:57
Сподели
Сподели

Европската Унија им сигнализирала на шесте држави од Западен Балкан дека треба да станат нејзини членки, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан во црногорскиот град Тиват.

„Јасната порака на денешниот ден е и ќе остане: Ве сакаме! И сакаме овој регион, овие држави од регионот, наскоро да станат членки на Европската Унија”, изјави Мерц во петокот попладне. „Целта е и останува полноправното членство на сите држави од регионот на Западен Балкан, бидејќи имаме стратешки интерес овие држави да ги поврземе со нас, со Европската Унија.”

На самитот учествуваа владите на земјите-членки на ЕУ, како и шесте држави од регионот: Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

Мерц најави и промена на стратегијата, со која ќе се овозможи постепено приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата.

Предлогот на Германија и Франција за реорганизација на процесот на пристапување кон Европската Унија, според германскиот канцелар Фридрих Мерц, наишол на „широка поддршка“ од страна на ЕУ, земјите членки и државите од Западен Балкан.

„Сега ќе започнеме постепен процес“, изјави Мерц. Постепениот процес ќе значи „најнапред да го отвориме патот и кон институциите, на пример за учество како набљудувачи на седниците на Европскиот совет, а можеби и на Европскиот парламент“. Сепак, за ова ќе треба да одлучи самиот Европски парламент во рамките на своите надлежности.

„Нема веќе да има изговори, туку ќе има многу конкретни, но индивидуални процеси што ќе се однесуваат на секоја одделна држава од Западен Балкан“, додаде германскиот канцелар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан
Следна Статија Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Уставот за да ги почне преговорите со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ФОТО) Студентка пропаднала низ подот од читалната на Правниот факултет во Белград

Студентка од Правен факултет паднала низ подот од читална, а фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дупка на таванот од училницата…

October 31, 2024
БАЛКАН

Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните…

December 21, 2024
СВЕТ

Ердоган до Мерц: Израел спроведува геноцид во Газа, а Германија тоа не го признава

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес му порача на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија одбива да признае дека…

October 30, 2025
БАЛКАН

Вучиќ разговарал со Путин, му се заблагодарил за доволните количества гас за Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Вучиќ на својот Инстаграм профил изјави дека тој…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?