Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај
ХРОНИКА

Пријавите за семејно насилство зголемени за 70 % во однос на ланскиот мај

Објавено June 5, 2026 22:47
Сподели
Сподели

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, најголем дел од кривичните дела се за „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела. Посочуваат дека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. А, најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се проијавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје – 62.

-Во текот на минатиот месец, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3 отсто во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800 отсто – посочуваат од Министерството.

Од МВР соопштија дека во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од македонска страна преминот Маркова Нога ќе биде готов до есен, од грчка до 2028 година
Следна Статија Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – Судот ја одби жалбата на ОЈО Кочани

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот притвор со ефективен затворски притвор…

November 24, 2025
ХРОНИКА

Расчистено кривично дело обид за убиство

Во врска со кривично дело „убиство” предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од КЗ, случено…

November 1, 2024
ХРОНИКА

Почина поранешен градоначалник од редовите на СДСМ

На 55 годишна возраст утрово почина Горан Крстев со прекар Грга. Беше поранешен градоначалник на општина Чешиново-Облешево (2017-2021) од редовите…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Мотор смачкан меѓу две возила во Влае, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на улицата „Ацо Шопов“ во скопско Влае, во близина…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?