Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА
МАКЕДОНИЈА

Историски ден за Македонците во Албанија, усвоена резолуција од страна на ЕФА

Објавено June 7, 2026 19:01
Сподели
Сподели

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија, додавајќи дека гласот на Македонците од Албанија веќе се слуша во Европа.

Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци, стои во објавата на Стерјовски на Фејсбук.

Воедно, додава тој, резолуцијата ја осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.

Според Стерјовски, оваа поддршка од европското семејство на малцинствата и народите, претставува силна порака дека Европа се гради врз почитување на различностите, правото на самоидентификација и заштитата на човековите права.

Тој упати благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.

Нашата борба продолжува, смело, достоинствено и гордо. Ќе продолжиме да се залагаме за правата на Македонците во Албанија, уверени дека вистината, правдата и европските вредности ќе победат. Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа- напиша Стерјовски.

Во своето обраќање пред делегатите меѓу другото рече дека Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник.

Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени – нагласи Стерјовски.

Тој посочи дека процесот на проширување на Европската Унија треба да биде алатка за промоција на демократијата и заштита на правата и оти никогаш не смее да стане механизам преку кој се оспоруваат малцинските идентитети или преку кој човековите права се условуваат со политички интереси.

Европската слободна алијанса (ЕФА), европското политичко семејство кое ги претставува народите, регионите и малцинствата во Европскиот парламент, Генералното собрание го одржува во Гандија, Шпанија. МАЕИ во 2024 година стана полноправна членка на ЕФА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општина Тетово од парите на граѓаните и донираше 23.000 евра на ИВЗ за да си го покрие данокот на промет
Следна Статија „Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од утре не очекува нестабилно време со дожд и грмежи!

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе остане покуса за 12 милиони долари американска помош!?

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за замрзнување на сите програми за странска помош на 90 дена на 20…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Викендов почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?